Информатор за излагачи



ИНОВАТИВЕН НАЧИН ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ И НА УСЛУГИ

Надвор од класичниот саемски штанд: Претставете ја Вашата компанија како БРЕНД за детскиот рај, катчиња за доење, пријатен простор за преоблекување, семинари, предавања, сценски настапи, читање сказни, јога за трудници - активни почетни вежби. Ќе ни биде задоволство да Ви понудиме консултации.

БЕБЕ САЕМ е бренд што расте… Заедно со својата целна група

Зголемување на бројот на клиенти

Повеќе производствени сегменти, повеќе клиенти

  • Бременост
  • Раѓање
  • Здравје и грижа 
  • Исхрана
  • Мода
  • Мебел
  • Играње и учење
  • Мобилност и заштита
  • Книги
  • Играчки
  • Предучилишни активности
  • И многу други

БЕБЕ САЕМ е единствениот саем во овој сегмент со докажани партнери и поддржувачи, кои привлекуваат соодветна публика

Не пропуштајте ја одличната маркетиншка можност за Вашиот бизнис

Зошто да излагате?

Саемите се прометно место, кое е посетено од потрошувачите што бараат производи токму од Вашиот профил на бизнис. Излагањето на БЕБЕ САЕМ Ве претставува на посебна целна група на потрошувачи и многу мотивирана публика на ефикасен начин, нудејќи комплетно искуство што ги вклучува сите сетила. Директен контакт / Директна врска, градење соработка, производи / услуги за изложување и за продажба, примероци за претставување, им дава можност на семејствата да Ве запаметат. Без разлика дали Вашата цел е да ја зголемите продажбата, да лансирате нова идеја, да дадете информација или да го позиционирате Вашиот бренд пред конкуренцијата, Вашите потенцијални клиенти ќе бидат доведени директно до Вас.

Со излагањето на БЕБЕ САЕМ добивате можност за:

  • Зголемување на продажбата и на базата на купувачи
  • Подигање на нивото на свест на Вашата организација
  • Лансирање нов производ / услуга на голема врата
  • Управување на маркетиншкото истражување со пристап до илјадници родители и деца
  • Препознавање на Вашиот производ
  • Директна повратна информација од потрошувачите
  • Лансирање нови концепти
  • Нови деловни контакти во оваа сфера.

Ние Ви нудиме:

  • Името на Вашата фирма и врската до неа да се наоѓаат на веб-страницата на БЕБЕ САЕМ
  • 3 различни можности за излагање, кои ќе одговараат на Вашите деловни потреби
  • Голем штандовски простор, кој ќе ја зголеми визуализацијата на Вашиот производ или услуга
  • Концепт за повеќемесечна кампања за ваша промоција

За посетителите

Кај нас, по четврти пат на едно место, фирмите од овој тип имаат можност да му се претстават на аудиториумот со сè што нудат во моментов, како фирми од Македонија така и странски компании. Голем опсег на семеен ранг.

Мултимедиумска промотивна кампања

БЕБЕ САЕМ ќе овозможи придобивки од големата маркетиншка и рекламна кампања, која вклучува радио, телевизија, печатени публикации, постери и промотивни материјали.

Поделете ги придобивките од широката промотивна кампања, која, инаку, чини многу, со самото учество на нашиот саем. БЕБЕ САЕМ е одлично маркетиншко возило за Вашиот бизнис.

Дополнителни маркетиншки можности

Спонзорство

Спонзорството обезбедува оптимална визуализација на компанијата со промотивната кампања на БЕБЕ САЕМ. Можеме да ви понудиме различни спонзорски пакети што ќе ги задоволат Вашите потреби. Класификацијата на спонзорските пакети што ги нуди саемот на потенцијалните излагачи е:

  • Генерален покровител
  • Генерален спонзор
  • Спонзори на саемот - за посебен простор и за настани на саемот
  • Пријатели на саемот - за посебен простор и за настани на саемот
  • Медиумски спонзори

Можности за спонзорства

  • Информативен каталог за саемот
  • Рекламни паноа пред салата
  • Забавен парк
  • Брендирање на влезот од салата
  • Спонзор за сцена
  • Спонзор за претстави (театарска претстава - наменска)
  • Спонзор за катче за цртање
  • Спонзор за простор за трудници (rest area)
  • Спонзор за катчето за преоблекување на бебињата
  • Посебен дел за доење
  • Бифе за бебиња и за деца до 1 година
  • Бифе за возрасни
  • Брендирање на халата
  • Сценографија на сцена - спонзор фирми за мебел
  • Медиумските спонзори со своја локација
  • Прес-центар
  • Средби со доктор - педијатар
  • Средби со доктор - ортопед
  • Простор за маркетинг на веб
  • Маскирани ликови
  • Возило - брендирано
  • Вода - пријател
  • Такси - пријател
  • Мали брендирани маички за бебињата што ќе се натпреваруваат во лазење - спонзор - награда за победникот и за другите две
  • Паркинг за колички  за бебиња

Генерален спонзор

  • Штанд  120 м2
  • Посебна локација во халата
  • Изработка на посебен проект - custom made
  • Централен банер на веб-страницата на саемот
  • Објавување стручни текстови на веб или во каталог во континуитет 
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 2 настапа)
  • Генерален спонзор на детскиот парк
  • Брендирање костими со логото на компанијата
  • Активност - анимирање на децата на штандот
  • Спонзорство за една игра / трка во лазење бебиња, татковци преоблекуваат
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со определена големина за промоција на производите
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, рекламен материјал (летоци за играта), сцена, рекламни паноа, маици за малите натпреварувачи
  • Сегвеј (segway)
  • Рекламни активности поврзани со саемот

Спонзор - вода пријател на БЕБЕ САЕМ

  • Штанд 100 м2
  • Посебна локација во халата
  • Изработка на посебен проект - custom made
  • Реклама -лого  на веб-страницата на саемот
  • Објавување стручни текстови на веб или во каталог во континуитет во корелација со водата
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 1 настап)
  • Етикета за најдобра вода за трудници и за деца
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со одредена големина за промоција на производите
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, сцена
  • Рекламни активности поврзани со саемот

Спонзор - возило пријател на БЕБЕ САЕМ

  • Штанд 150 м2
  • Посебна локација во халата
  • Изработка на посебен проект - custom made
  • Реклама - лого на веб-страницата на саемот
  • Објавување стручни текстови на веб или во каталог во континуитет во корелација безбедноста на возилото - фамилијарно возило
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 1 настап)
  • Етикета за најбезбедно возило
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со одредена големина за промоција на производите
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, сцена
  • Рекламни активности поврзани со саемот

Покровител на БЕБЕ САЕМ

  • Штанд 50 м2
  • Изработка на посебен проект - custom made
  • Реклама - лого на веб-страницата на саемот
  • Објавување  стручни текстови на веб или во каталог во континуитет 
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 1 настап)
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со одредена големина
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, сцена
  • Рекламни активности поврзани со саемот

Спонзор - болници пријатели на БЕБЕ САЕМ

  • Штанд 28 м2
  • Посебна локација во халата
  • Изработка на посебен проект - custom made
  • Реклама -лого на веб-страницата на саемот
  • Објавување стручни текстови на веб или во каталог во континуитет 
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 1 настап)
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со одредена големина
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, сцена
  • Рекламни активности поврзани со саемот

Спонзор - осигурителни компании и банки - пријатели на БЕБЕ-САЕМ

  • Штанд 40 м2
  • Посебна локација во халата
  • Изработка на посебен проект - custom made
  • Реклама - лого на веб-страницата на саемот
  • Објавување стручни текстови на веб или во каталог во континуитет 
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 1 настап)
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со одредена големина
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, сцена
  • Рекламни активности поврзани со саемот

Спонзор на БЕБЕ-бар

  • Штанд 60 м2
  • Посебна локација во халата
  • Изработка на посебен проект, кој ќе ги задоволува потребите за ваков тип претставување - custom made
  • Реклама - лого на веб-страницата на саемот
  • Објавување стручни текстови на веб или во каталог во континуитет 
  • Стручни предавања на сцена (простор во програмските активности 3 дена х 1 настап)
  • Посебен простор во каталогот на манифестацијата со одредена големина за промоција на производите
  • Брендирање - кое опфаќа: хала, сцена
  • Рекламни активности поврзани со саемот

За дополнителни информации обратете се на: е-пошта: bebesaem@yahoo.com

Награди

Има многу промотивни можности што ќе го пополнат наградниот буџет, кој, пак, ќе  му даде дополнителен акцент на Вашиот бизнис.
Учеството во телевизиските најави, промотивните претсаемски промоции, специјалните атрактивни саемски натпревари, можат да ја зголемат Вашата маркетиншка цел на интересен и одушевувачки начин.
Опсегот на Вашето учество во наградните игри е уникатен и голем:

  • Трка на бебиња во брзо лазење
  • Натпревар на татковци во брзо преоблекување
  • Скокање со балони
  • Музичка аудиција
  • И уште многу други

За подетални информации обратете се на: е-пошта: bebesaem@yahoo.com

Подароци за посетителите

Можност Вашите летоци, мостри и брошури да бидат вметнати во 5.000 каталози што ќе бидат дистрибуирани до посетителите на БЕБЕ-САЕМ во Скопје. Одличен начин да обезбедите Вашиот производ или порака да стигне во рацете на потенцијалниот купувач. Предност имаат фирмите што ќе доставуваат мостри. Цена: 50 евра за излагач / 300 евра за неизлагач.

Пријава за настан од забавен карактер

Излагачите што се заинтересирани да понудат забава или презентација треба да поднесат писмена пријава до АМК панекс на е-пошта: bebesaem@yahoo.com.
Учеството ќе биде одобрено доколку е селектирано во сооднос со програмскиот пакет на рекламната кампања.

Кој сè може да излага?

  • Здравје / педијатри, психолози, гинеколози, специјалисти од разни области и сл.
  • Информација и едукација на семејствата
  • Текстил / облека за бебиња, деца и за трудници
  • Обувки
  • Храна
  • Едукација / книги, информатичка технологија во корелација со детето какао клиент (особено во едукативниот процес...)
  • Осигурителни компании
  • Банки
  • Играчки
  • Козметика и хигиена
  • Бела техника / апарати за подготовка на детска храна
  • Центри за грижа за деца / игротеки, градинки и установи за правилно растење и развој на деца
  • Мебел и додатоци
  • Автомобилска индустрија / седишта за деца
  • Постелнина и завеси
  • Фотографирање
  • Колички / седишта за во автомобили
  • Фармацевтски куќи
  • Списанија / магазини за деца, бебиња..
  • Безбедносни производи
  • Пелени
  • Бебешка опрема
  • Спорт и рекреација
  • Производи и услуги наменети за семејни потреби

За сите детални информации Ви стоиме на располагање на тел: ++ 389 2 3133188, ++ 389 71232085 ; ++ 389 70 217131

Стандарден штанд 6 м2

  • ѕидови
  • 1 пулт( 1 х 0,5 х 0,9)
  • 1 шанкерски стол
  • 3 полици
  • бренд 1,5 х 0,5
  • 1 рефлектор
  • теписон
  • 1 приклучник
  • корпа за отпадоци
  • Цена........................67 еур / м2

Цената на Штандот вклучува и закуп на просторот за три дена и 24-часовно обезбедување на салата

*Цените се без пресметан ДДВ

Стандарден штанд 10 м2

  • ѕидови
  • 1 пулт( 1 х 0,5 х 0,9)
  • 1 шанкерски стол
  • 5 полици
  • маса со 3 столови
  • бренд 1,5 х 0,5
  • 2 рефлектора
  • теписон
  • 3 приклучника
  • корпа за отпадоци
  • Цена........................67 еур / м2

Цената на штандот вклучува и закуп на просторот за три дена и 24-часовно обезбедување на салата

*Цените се без пресметан ДДВ

Стандарден штанд 24 м2

  • ѕидови
  • кујна 1 м х 1 м
  • 1 пулт( 1 х 0,5 х 0,9)
  • 1 шанкерски стол
  • 6 полици
  • 2 маси со 6 стола
  • бренд 1,5 х 0,5
  • 4 рефлектори
  • теписон
  • држач за рекламен материјал
  • 4 приклучника
  • корпа за отпадоци
  • Цена........................67 еур / м2

Цената на штандот вклучува и закуп на просторот за три дена и 24-часовно обезбедување на салата

*Цените се без пресметан ДДВ

Штанд според посебен проект

Цената на штандот вклучува и закуп на просторот за три дена и 24-часовно обезбедување на салата

*Цените се без пресметан ДДВ

  • Приклучок за електрична енергија   цена   25 еур
  • Уписнина во каталог  цена   30 еур

Дополнителна опрема

  • Витрина стаклена  цена   30 еур / парче
  • Витрина 0,5 х 1м цена   35 еур / парче
  • Витрина 1 х 1м  цена   50 еур / парче
  • Столица  цена   7 еур / парче
  • Маса  цена   12 еур / парче
  • Шанк столица цена     8 еур / парче
  • Шанк маса  цена   14 еур / парче
  • Полици  цена      6 еур / парче
  • Држачи за рекламен материјал  цена 15 еур / парче
  • Пулт  цена   25-115 еур / парче

*Секој елемент од дополнителната опрема е во определена количина.
*Повеќе информации за типот на опремата и за елементите можете да добиете на нашата веб-страница www.paneks.com
*Цените се без пресметан ДДВ
*Надоместот е даден во евра, а плаќањето е во денарска противвредност на еврото според продажниот курс на НБМ на денот на фактурирањето.

Специјален попуст во зависност од закупениот простор:

Датуми за монтажа и за демонтажа

Монтажа:                 1,2 и 3 мај 2012 година од 9 до 20:30 часот
Демонтажа:            7 мај 2012 година од 9 до 20:30 часот